Seminarski i Diplomski Rad

Novorođenče (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 18 | Nivo: Pedagoški fakultet

В О В Е Д
Велат дека сите новороденчиња се исти, но тоа не е точно. Меѓу нив има потемни и посветли, со косичка или без косичка, поголеми или помали, девојчиња или момчиња. Но, сите новороденчиња се исти во една работа, на сите им трба правилна исхрана, нега, грижа, љубов...Од првото вдишувањепа до првите самостојни чекори ќе помине скоро цела година.Во тој период од мали беспомошни суштества, новороденчињата полека ќе прераснат во личности со емоционални и социјални карактеристики.
Првата животна потреба на новороденчето е правилната исхрана.Доењето е најдобриот начина на исхрана во овој многу важен период од неговиот живот. Доењето и мајчиното млеко даваат најприроден почеток на животот.Првиот подој, првиот нежен допир на усната на новороденчето до брадавката на мајчината дојка е клуч за успешно доење.
Освен храна, на новороденчето му е неопходна и секојдневна нега и хигиена. Капењето и пресоблекувањето се нов извор на радост и за новороденчето и за родителите. Моментите поминати заедно се неповторливи, никогаш понатаму нема да се вратат тие мигови.Гласот полн со топлина и нежност и допирот на родителските раце се најсигурната оаза која ке му овозможи правилен раст и развој и формирање во здрава и среќна личност.
РАЃАЊЕ НА НОВОРОДЕНЧЕТО
Од концепцијата се поминати околу триесет и осум недели и фетусот е доволно развиен и подготвен да ја напушти преднаталнта средина-да се роди.Првите неколку недели од животот се период на новороденче.Раѓањето на детето претставува многу значаен момент во животот на секој родител.Од животот во матката, каде беше заштитено, бебето се осамостојува надвор од телото на мајката.Врската меѓу мајката и бебето не почнува после раѓањето, туку основите се креирани уште рано во бременоста.
Раѓањето треба да претставува највозвишен настан во животот на секоја жена при што најубаво и најрадосно е да биде споделен со партнерот, таткото на детето. Воспоставувањето на правилен родителски однос со новороденчето, мајчинството и татковството, претставува предуслов за обезбедување на услови за оптимален психички и физички развој на детето.
Идеално продолжение на блискиот контакт на мајката со бебето претставува моментот кога бебето веднаш после излегувањето во надворешниот свет се става голо на гола кожа на градитре на мајката. Топлината на мајчиното тело, отчукувањето на нејзиното срце, близината на дојката и првите капки на мајчиното млеко-колострумот, ја продолжуваат взаемната љубов меѓу нив.
Смиреноста на мајката и бебето, меѓусебното задоволство, а и присуството на таткото, го намалуваат секое сомнение во сопствената способност кон успешно родителство и создавање на близина со детето.
За успешно родителство не постојат правила и потребно е многу трпение и добра воља.Да се биде родител не е професија, тоа е вештина која се стекнува во животот, поминувајки го искуството со секое дете кое ке биде дел од животот. Не треба да се бара рецепт, формула или волшебни решенија. Треба да се следи само сопствениот инсикт и советите на медицинските професионалци. Затоа е важно во текот на бременоста мајката и таткото да се запознаени со се што ке ги очекува по раѓањето на детето, со неговите потреби за храна, нега, грижа и воспитување. На овој начин ќе се спречат многу проблеми, а мајката ќе има можност среќно да ужива во првите денови и месеци после раѓањето, во мајчинството и родителството.

---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturski.org 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]

 

 

 

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!